Поранешниот селектор на Бугарија и некогашен фудбалски ас на Штутгарт Красимир Балаков е нов стратег на ЦСКА 1948. Денеска тренерот имаше средба со раководството на софискиот клуб инаку лидер во второлигашката конкуренција и на крајот двете страни постигнале договор за соработка. Тој ќе го замени Јордан Јуруков, кој станува и негов помошник.

Идната сезона во првата бугарска лига ќе гледаме два тима со исто име ЦСКА. Едниот е ЦСКА Софија другиот е ЦСКА 1948.