Поранешниот бразилски репрезентативец Фред се одлучи за необичен потег. 36-годишниот екс-играч на Лион вчера тргна на пат долг 600 километри кои треба да ги помине за пет дена и крајна дестинација е Флуминензе, неговиот нов клуб.

Искусниот напаѓач на „Твитер“ ја објави својата „Трка на солидарноста“ од југоисточниот град Бело Хоризонте до Рио де Жанеиро каде што треба да пристигне во просториите на Флуминензе и да го потпише договорот.

А оваа авантура не е случајна, туку од хуманитарен карактер. Тој вели дека сака да им помогне на 4000 сиромашни семејства и ги повика сите да донираат пари, храна или други средства за секој негов поминат километар со велосипедот. Оваа кампања ја лансираше онлајн и се надева дека ќе му успее.

Фред го напушти Бело Хоризонте вчера упатувајќи се преку калливи и локални патишта избегнувајќи автопат и избегнувајќи луѓе за да го запази мерката за социјална дистанца. Тој комплетираше 155 километри, па ја продолжува авантурата.

Во петок треба да пристигне во тренинг центарот на Флуминензе.