Поради коронавирусот фудбалот во Турција е запрен. Забранети се фудбалски натпревари воведени се мерки за социјално дистанцирање и слично. Сепак, фановите на турскиот второлигаш Бурсаспор не пропуштија да го прослават 57 роденден на клубот. Во екот на коронавирус, навивачите приредија спектакуларно шоу на стадионот на својот клуб со многу пиротехника и оддалеку изгледаше како буквално да горат трибините.

Бурса сега е во втората лига, но се работи за еден од најпознатите фудбалски клубови. Беше шампион на Турција во 2009/10 кога стана единствениот кој се закитил со круната покрај големата четворка Галатасарај (22 титули), Фенербахче (19), Бешикташ (15) и Трабзон (6).

За Бурса игра и македонскиот интернационалец Јани Атанасов.