Младиот фудбалер на Њукасл Мет Лонгстаф може да му стане соиграч на Илија Несторовски во Удинезе. Фудбалерот кој моментално е член на академијата на Њукасл и заработува 850 фунти неделно доби примамлива понуда од „зебрите“ од Удине – петгодишен договор и одлична плата.

Лонгстаф веќе одби нов договор со Њукасл на почетокот на оваа сезона вреден 15,000 фунти неделно, а сега италијанскиот клуб ги мами со неделни 30,000 фунти.

Овој 20-годишен играч се појави на сцената во Премиер лигата во октомври кога го постигна победничкиот гол против Манчестер Јунајтед на дебито. Досега настапи на седум натпревари.

Инаку Удинезе на Њукасл му нуди 400,000 фунти како компензација.