Легендата на Манчестер Јунајтед Пол Сколс е убеден дека ако не биле силните состави на Барселона и Реал Мадрид, „Црвените ѓаволи“ ќе ја освоеле европската титула уште четири до шест пати. Тимот ја освои титулата во 1968, 1999 и 2008 година, а во 2009 и 2011 губеше во финале против „каталонците“.

Навистина немавме среќа. Во секоја друга ера ќе ја освоевме европската титула четири, пет или шест пати. Но какви тимови имавме пред себе… Ќе ја видиш Барселона на Гвардиола и си велиш: „Исусе, колку се само добри“. Во средниот ред Иниеста, Бускетс, Чави и Меси. Тиери Анри по крило. Дефанзивци Пике и Пујол. Фантастично. Без сомнение тоа е најдобриот тим против кој сум играл. Ако се вратам малку поназад, се сеќавам на составот на Реал Мадрид. Игравме против нив (2002/03). Бевме демолирани на „Бернабеу“ со 3:1. Но игравме против страшна екипа, ги имаа бразилскиот Роналдо, Зинедин Зидан, Фиго, Редондо, Раул, Карлос, Касиљас на голот… Тоа беше супер тим. Игравме против супер тимови“, вели Сколс.