Лекарот на Пари Сен-Жермен изрази загриженост до раководството на клубот за состојбата на играчот од средниот ред Анхел Ди Марија.

Триесет и двегодишниот Аргентинец страда од несоница и доживува периоди на депресија, објави „Ле Паризиен“.

Веројатна причина за ваквата состојба на Ди Марија е предвременото прекинување на сезоната во Лига 1, по што ПСЖ беше прогласен за шампион, а последните натпревари се играа во март. Според изворот, сопругата на Ди Марија им кажала на роднините дека нејзиниот сопруг се однесува како зомби.

И покрај прекинот на сезоната во Франција, ПСЖ и натаму игра во Лигата на шампионите каде се пласираше во 1/4 финалето откако ја елиминираше Борусија Дортмунд со вкупни 3:2.