По речиси три месеци престој во својот Белград, Ратко Достаниќ, шефот на стручниот штаб на Работнички се врати во Скопје. Тој претпладнево беше на состанок со својот стручен штаб, со Илијоски, Сасански и Маџовски, кои работеа со играчите во отсуство на шефот на струката. Сега останува да видиме што и како понатаму, како ќе се продолжи со тренинзите и како и кога ќе се стартува со доигрувањето на тековната сезона. 

Инаку Работнички со доаѓањето на Достаниќ, но и со доаѓањето на Милош Тошевски и Драшко Ѓорѓевиќ, исто од Србија, целосно се комплетира. Сега може во мирна атмосфера да се подготвува за тоа што веројатно го очекува од 14 или 17 јуни.

Инаку Достаниќ, Тошевски и Ѓорѓевиќ се влезени во Македонија на барање на ФК Работнички, а со одобрение на Кризниот штаб на Р. Македонија. Сите тројца имаат негативен корона-тест не постар од 72 часа.