Француското првенство одамна означи крај, ПСЖ е шампион, Лион стана најголем губитник. И додека седумкратниот француски првак води „војна“ со раководните луѓе на Лига 1 околу „спорната“ одлука, активно работи на засилување на ростерот за идната сезона.

Па така од Лион одлучија да ја активираат опцијата да го откупат напаѓачот Карл Токо Екамби од Виљареал. Камерунецот досега играше како позајмен, дојде во францускиот клуб во јануари и одигра само осум натпревари (два гола). Ви Лион проценија дека е доволно добар па платија 11,5 милиони евра за него.

Фудбалерот стави потпис на четиригодишен договор.