Да се реализира хет-трик во Премиер лигата е блиску до перфекција. Не е лесно да се направи тоа во една од најпопуларните фудбалски лиги во светот, во која се бара физичка и психичка подготвеност.

Само да потсетиме на некои работи Ромелу Лукаку го реализира 300. хет-трик во Премиер лигата против Борнмут и тоа 25 години после Ерик Кантона кој за Лидс против Тотенхем го реализира првиот во премиерлигашката ера.

Интересно и фудбалери како Стив Вотсон, кој играше десен бек, потао заборавениот шпански играч за врска Жорди Гомез па дури и корпулентниот Алфонсо Алвес реализирале хет-трик во најсилната англиска лига.

Но не на секого му успеало тоа иако долги години играле во Англија. Ќе издвоиме девет фудбалери од офанзивниот ред кои биле одлични реализатори но не можат да се пофалат со хет-трик.

  1. ХАРИ КЈУЕЛ

Австралискиот крилен напаѓач играше за Лидс и Ливерпул и реализираше преку 50 голови но никогаш и три на еден меч.

Harry Kewell

  1. ПАОЛО ДИ КАНИО

Дрскиот и контроверзен италијански напаѓач остави силен белег во Премиер лигата со вкупно 66 гола  од кои 16 во една сезона за Вест Хем, но никогаш не реализирал и хет-трик.

  1. КРЕГ БЕЛАМИ

Велшкиот напаѓач исто така остави длабок белег во Премиер лигата. Играше за многу клубови, а реализираше 81 гол во Премиер лигата но ниту еден хет-трик.

  1. ТИМ КЕЈХИЛ

„Икона“ на Евертон за кого ги бранеше боите дури осум години. Одличен голгетер и покрај тоа што не беше класичен напаѓач.

  1. ДЕЈВИД БЕКАМ

Бекс беше голема ѕвезда во Премиер лигата реализира многу голови, пукаше кон противничките мрежи од слободен удар. Но ја немаше таа среќа барем три пати да пукне кон противничкиот гол на еден натпревар.

  1. ЛИ БОЕР

Беше еден од главните играчи на Лидс Јунајтед, играше уште за Чарлтон, Вест Хем, Њукасл, Вест Хем и Бирмингем. Ја заврши кариерата со 57 премиерлигашки голови. Беше играч од средниот ред кој често ги тресеше мрежите, но и тренерите не му дозволуваа премногу да се размавне – го насочуваа повеќе на дефанзивни задачи.

  1. НИАЛ КВИН

Високиот напаѓач (1,93 метри) постигна многу голови, повеќето со глава. Играше за Сандерленд, Манчестер Сити и Арсенал постигна 59 премиерлигашки голови, на ниту еден меч не реализира хет-трик.

Niall-Quinn

  1. КЕВИН ДЕЈВИС

88 голови во Премиер лигата, но Велшанецот е еден од оние кои не може да се пофали и со хет-трик. Играше за Саутемптон, Блекбурн, а најдобрите моменти ги имаше во Болтон каде беше и капитен.

  1. РАЈАН ГИГС

Неверојатниот крилен напаѓач целата кариера ја помина во Манчестер Јунајтед. Реализира преку 100 голови во својата кариера во Премиер лигата, но за жал никогаш не ја круниса својата слава со три на еден меч.