Гоце Георгиевски од денеска и официјално е нов член на Вардар. Македонскиот репрезентативец кој се врати од Романија беше на два ума, бираше меѓу градските ривали Металург и Вардар.

На крајот Георгиевски му пружа рака на првиот човек на „црвено-црните“, Михајло Михајловски, тој заедно со Иван Чупиќ ќе бидат главната сила на десната крилна поцизија.

Вардар во следниот период останува да најде замена за Сташ Скубе и Данис Кристопанс.

Во редовите на „црвено-црните“ претходно дојдоа Филип Талески, францускиот голман Робин Кантегрел, Дмитри Санталов, Томислав Јагурниновски, а во тимот останаа Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров, Глеб Калараш, Борко Ристовски, Кристијан Дисингер, Димитар Димитриоски, Марко Мишевски и Марко Кизиќ, шанса ќе добијат и ракометари од вториот тим на Вардар.