Федерацијата на БиХ се реши да го прекине првенството, и да го прогласи Сараево за нов шампион. Крсте Велкоски така уште еднаш стана првак во оваа Лига, а веднаш со реакција се јавија од Железничар, ривалот на Сараево.

Тие порачаа дека „срамота е играчите на Сараево да се радуваат на ваква титула“. Поточно, ова го порачаа играчите Ермин Зец и Синиша Стефановиќ.

Прв кој им врати беше капитенот, нашиот интернационалец Крсте Велкоски.

„До сега имаме двајца Лола Смиљаниќ за сиромашни. Наградно прашање за титула – колку ќе бидат до крај“, напиша Велкоски на „Инстаграм“.