Навивачата група на Полскиот лигаш Белхатов, на денешниот меч против тимот на Сандјеца извади транспарент на кој со големи букви беше напишано „Честитки Чкембари за влез во првата лига браќа“.

Овие две навивачи глупи очигледно се збратимени, имаат одлични релации, а Полјаците ете се едни од првите кои честитаа пласман на ФК Пелистер во првата македонска фудбалска лига.

Ние пак добро знаеме дека Битолчани по освоеното прво место во втората лига Запад, односно по прекинот на шампионатот, во кој тимот беше лидер, се врати во најдоброто македонско фудбалско друштво, онаму каде што впрочем и му е местото на Пелистер.