Во Шпанија неодамна се донесе одлука за продолжување на првенството на 12. јуни, а натпревари ќе има речиси секој ден. Направен е распоред за Примера да заврши до почетокот на август.

Сите шпански тимови ќе мора да се тестираат пред да почне сезоната. Во Шпанија немаше многу заразени играчи, но радио Каталуња (РАЦ1) пишува дека некои клубови ја криеле вистината.

РАЦ1 синоќа објави дека имало заразени и во тимот на Барселона. Наводно пет лица биле заразени од играчите и стручниот штаб, но тие немале никакви симптоми и се опоравиле брзо, но Барса не ги објавила јавно.

Се очекува реакција од каталонскиот тим.