Футсал клубот Арбен Бајрами е нов прволигаш. Амбициозниот клуб од скопската населба Чаир успеа да влезе во најсилната конкуренција во кај нас овој се попопуларен спорт и секако дека ова е голем успех за младиот но перспективен клуб.

„Ова е успех кој сите го посакувавме и сме многу среќни што го остваривме. Амбициите ни се големи нема тука да застанеме и ќе се бориме за што подобар пласман и следната сезона. Мислам дека имаме капацитет за такво нешто, а особено ни е драго што ќе имаме Чаирско дерби што се вика против екипата на Шкупи“ – вели првиот човек на футсал клубот Арбен Бајрами, Шабан Асани.

Токму така. Следната сезона ќе имаме на програмата локално чаирско дерби помеѓу екипата на Арбен Бајрами и актуелниот шампион тимот на Шкупи.