БиХ ја прекина сезоната и го прогласи Сараево за шампион, а денеска беше прекинато и македонското првенство но без да биде прогласен првак, со тоа што наредната недела ќе бидат познати патниците за европските купови.

Од Сараево се молат Вардар да не добие лиценца за настап во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ со коефициент 5.000 би требало да биде носител во првото претколо на ЛШ, меѓутоа, се зависи од тоа дали ќе му биде издадена лиценца. Во случај Вардар да остане без лиценца за евро-куповите, тоа ќе значи дека второпласираниот Силекс ќе оди во елитното натпреварување меѓутоа тој ќе влезе со квота 1.375 што значи дека ќе ја има улогата на аутсајдер.

Од друга страна Сараево за кого настапува Крсте Велкоски би го добил статусот на носител и би имал значително поволна ждрепка.