Според италијанскиот весник Тутопорт, босанскиот репрезентатовец Миралем Пјаниќ ги отфрлил најновите понуди кои за него пристигнале од Челзи и ПСЖ затоа што единствено сака трансфер во Барселона.

Играчот од средниот ред се надева дека конечно летово ќе се случи неговиот долгоочекуван потпис за Барса, фрустриран во неуспехот во претходните сезони. Тој сака да игра на „ Камп Ноу“ со Меси и тоа во моментов му е единствена цел. Иако понудите од Челзи и ПСЖ биле одлични, Босанецот му рекол на својот агент веднаш да ги одбие.

Пјаниќ (30) има договор со Јувентус до јуни 2023 година, но тој веќе ги информирал во управата дека летово сака да си оди доколку Барселона достави понуда за него. Неговата вредност на трансфер пазарот е проценета на околу 50 милиони евра.