Така е тоа. Кој е способен ќе го победи Ковид-19, и ќе може да игра не само фудбалски натпревари, туку тоа да го прави пред гледачи на трибините. Со оглед на тоа дека Македонија е неспособна да се справи со коронавирусот, ние ќе си дремеме во карантин, а во Србија веќе се игра и тоа пред гледачи. Истото тоа ќе го имаат и Хрватите, кои од следниот викенд, од 12 или 14 јуни, ќе можат натпреварите од ХНЛ да ги гледаат во живо. Се разбира дека посетеноста ќе биде редуцирана, но и онака таму трибините не се којзнае колку преполни.

Утринава на сите хрватска фудбалски фанови, прекрасната вест им ја соопшти директорот на Хрватскиот фудбалски сојуз Марјан Кустиќ, кој изјавил дека тие имаат одобрување и од Владата на Р. Хрватска да дозволат гледачи на трибините. Да потсетиме дека во изминатите неколку денови во Хрватска нема ниту едно ново лице заразени со Ковид-19. Додека во Македонија имаме најмалку по стотина секојдневно.

Ех, Македонијо, Македонијо…