Дмитри Санталов изненадувачки ги промени платновите, наместо во Скопје во новата сезона ќе биде во Брест. Тој за „handballfast“ вели дека имал бројни понуди, но на крајот се одлучил да потпише за белорускиот тим, а одговорот за ваквиот потег новинарите треба да го бараат во Вардар и во Мешков.

„Мислам дека ова прашање треба да биде насочено кон двата клуба, тие ќе ви дадат точен одговор. Ја следев ситуацијата во Вардар, како и промената на раководството. Сфатив дека почетниот концепт на клубот може да се промени, па остана само да чекам за одлуката“, вели Санталов.

Левата бековска позиција во редовите на Вардар и покрај ваквата одлука на Санталов не останува проблематична, тренер, Стевче Алушовски таму на располагање ги има Филип Талески и Кристијан Дисингер.