Пандемијата коронавирус направи вистински хаос и во спортот. Клубовите бележат големи загуби, дел нема да можат да го издржат овој удар поради скапите ѕвезди кои ги имаат во составот.

Со ваков проблем може да се соочи и ракометот, а за оваа тема отворено говореа некогашните Вардарци, Раул Гонзалез и Давид Дејвис.

„Во Франција владее страв, ова е голем удар за професионалниот спорт, дел од клубовите можат да исчезнат. Во услови на криза, спонзорите се првите кои можат да ги откажат договорите. Да ме прашавте пред два месеци ќе ви кажев дека ПСЖ е тим кој оди по нагорна линија, но пандемијата коронавирус може сериозно да ги размдра темелите. ПСЖ е стабилен во овој момент, но долгорочна иднина засега не постои“, вели Раул за „Мундо Депортиво“.

Ниту во Унгарија не е поразлично…

„Доколку првенствата продолжат без публика клубовите ќе се соочат со тешки времиња, дел дури ќе исчезнат. Сите не погоди оваа ситуација, мора да се обидеме да преживееме. Ќе мора да се обидеме да го сочуваме ракометот, зошто сите губат во оваа ситуација“, рече Дејвис.