Во Шпанија велат ова е најдолгиот меч. Беше закажан за декември, тогаш се одиграа 45 минути,  па поради расистички скандирања беше прекина и беше одлучено да се доигра второто полувреме на друг датум, па дојде коронавирусот, па го презакажаа за во јуни. И така фудбалерите на Рајо Ваљекано и Албасете чекаа шест месеци за да истрчаат на теренот и да го доиграат второто полувреме.

Столе Димитриевски беше на голот на Рајо Ваљекано вечерва. Натпреварот заврши со победа на неговиот тим со 1:0 благодарение на погодокот на Адвинсула во 60. минута.

Со овој меч е и означен рестартот на сезоната во Шпанија иако се работи за меч од Сегунда. Утре ќе се одигра и мечот меѓу Севиља и Бетис во Ла Лига.