Партизан се пласира во финалето на Купот на Србија откако вечерва пред полни трибини на „Маракана“ ја елиминира Црвена Звезда. Резултатот на семафорот гласеше 1:0, а голот вреден место во финале го постигна Хатхо во 58. минута.

Така Партизан доби шанса да го брани трофејот во Купот, а Звезда повторно не успеа да се закити со двојна круна која ја сонува уште од 2007 година.

Ние броиме болни и мртви, а во Белград вечно дерби со „Делии“ и „Гробари“ (ВИДЕО)

Вечерва на „Маракана“ свое шоу имаа навивачите на трибините „Делиите“ и „Гробарите“, а и дождот не ги спречи да дојдат да бидат дел од 200. вечно дерби. На теренот нервозно и напнато, посебно во второто полувреме играта за заостри, па имаше и искри помеѓу фудбалерите. Владимир Стојковиќ, голманот на Партизан се повреди во 80. минута по дуел со Милуновиќ и не можеше да продолжи.

Играчите на Партизан имаа поцврсти нерви и го издржаа притисокот, не му дозволија на ривалот да го изедначи резултатот и да го одведе мечот во пенал-рулет.

Во финалето на 24 јуни Партизан ќе игра против Војводина која избори место во финалето после шест години пауза. Воша денеска го елиминира Чукарички.