Пандемијата на коронавирусот ја откажа и трката во Мото ГП шампионатот за ГН на Италија која требаше да се вози во Муџело. Ова е прв пат во последните 30 години мотоциклистите да не ја возат оваа трка.

Трката требаше да се одржи на 31. мај. Требаше да се одржи во друг термин, но откако не се успеа да се најде датум, и дефинитивно е откажана.

Досега не е одржана ниту една трка, а откажани се трките во Катар, Холандија, Германија, Финска, Велика Британија, Австралија и Јапонија.

Сезоната би можела да почне на 19. јули за ГН на Шпанија во Херез.