Данскиот ракометар Расмус Бојсен го одбра идеалниот СЕХА-тим од 2011 година, од кога постои ова натпреварување. Со оглед на доминацијата на Вардар во регионалната лига и петте освоени шампионски титули за очекување е во „Дрим тимот“ бројни да бидат секогашни и екс-членови на македонскиот клуб.

Од сегашните ракометари, се најдоа капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов и Тимур Дибиров, додека се најдоа и Илија Абутовиќ, Арпад Штербик и Данис Кристопанс, место има за Златко Хорват, Матеј Лекаи и Оливер Рабек. Тренерското место му припадна на Раул Гонзалез.