Поранешниот хокеар на екипата на Барис и на репрезентацијата на Казахстан Брендон Боченски станал градоначалник на градот Гранд-Форкс во Северна Дакота во Соединетите Американски Држави.

За Боченски гласале 49,62% од избирачите победувајќи го најсериозниот конкурент Мајк Брајн кој собрал 31,81% од гласовите.

Боченски е роден во САД. Тој играше за Отава, Чикаго, Бостон, Анахајм, Нешвил и Тампа во НХЛ, а во 2010 година потпишува за казахстански Барис. Четири години подоцна тој добива и казахстанско државјанство и одигра натпревар за националниот тим на оваа држава.

Brandon Bochenski