Формула 1 се подготвува за рестарт на сезоната со поинаков распоред, драстично скратен календар поради коронавирусот. Првата трка е на 5 јули. Мерцедес и Ферари засега се единствените тимови кои се подготвуваат со приватни тест возења.

Меѓу нив беше Луис Хамилтон кој после долгата пауза седна зад воланот и смета дека тоа што бил на долг одмор не се одразило премногу на неговата форма.

„Убаво е чувството повторно да сум зад воланот. После толку долга пауза, 103 дена, се прашуваш дали тоа оставило трага. Но после денешното тест возење заклучив дека сум во добра форма. Значи спремен сум“, изјави Хамилтон.