Престижниот „Газета дело спорт“ утринава напиша текст за Горан Пандев, опишувајќи го колку е постар, толку е подобар.

37-годишниот македонски фудбалер, сезонава има постигнато седум гола, најмногу по враќањето од Турција во Италија.

Токму Пандев е главен адут на Џенова во битката за опстанок.

Весникот пишува дека Пандев ја игра најдобрата сезона во последните 10 години, иако ги одбројува последните месеци од својата богата кариера.

„Газета“ го пишува ова пред „рестартот“ на Серија „А“ во кој Џенова жестоко ќе се бори да остане прволигаш, нешто кое и Пандев го истакна како желба пред неколку месеци. Другата желба му беше пласман на Македонија на ЕП, но тоа ќе почека, со оглед дека се е откажано поради пандемијата на коронавирусот.