Тренерот на Бетис, Руби ќе биде отпуштен доколку „зелено-белите“ загубат и на следниот меч по рестартирањето на Ла Лига. Бетис синоќа загуби во големото градско дерби од Севиља со 2:0 во првиот натпревар по паузата поради пандемијата со коронавирусот.

Според „Депорте Куатро“, во случај на пораз во следниот натпревар против Гранада, Руби ќе биде ослободен од својата функција. Тимот има победи на само два од последните 12 натпревари во шпанската лига. Моментно тимот е на 12-то место со 33 бода.

50-годишниот Руби го води тимот од 2019 година.