Дрис Мертенс, Фабијан Руиз и Алан, се под знак прашалник за настап на утрешното реванш полуфинале од Купот на Италија меѓу Наполи и Интер.

Според повеќе извори, Мертенс, Фабиан и Алан имаат мускулни проблеми поради долгиот период без настапи.

Ако Мертенс не биде оспособен за настап, Лоренцо Инсиње ќе биде стартер на негово место. Што се однесува до Фабиан, природна замена за него би била Елиф Елмас.

Џенаро Гатузо го однесе целиот состав на Наполи на вечера во понеделникот навечер и се обиде да го врати тимскиот дух по долгата пауза.