Фудабалерите на Баерн (М) ја продолжија извонредната серија и се приближија на само чекор и од формалното освојување на новата шампионска титула во Бундеслигата. Вечерва во последниот дуел од саботната програма на 31. коло, баварците на својот стадион со 2:1 го совладаа тимот на Борусија (М).

Од трагичар, домашниот бек Павард на крајот излезе човек на одлука за новата, 23-та сезонска победа на домашните. Имено, при водство за Баерн (М) од 1:0 кое го обезбеди младиот Циркзее во 26. минута, францускиот бек во тимот на Ханси Флик несмасно реагираше во шеснаесетникот на Нојер и ја смести топката во неговата мрежа. Со овој автогол, Борусија (М) во 37. минута успеа да дојде до израмнување на 1:1.

Иако имаше бројни шанси, Баерн до гол за победа чекаше до 86. минута. Павард овој пат во улога на асистент, испрати одлична топка до Горецка, кој ја смести во гостинската мрежа за победа од 2:1.

 

Standings provided by Sofascore LiveScore