Енис Барди и тимот на Леванте успеаа на чудесен начин да се извлечат од пораз на гостувањето кај Валенсија откако им беше досуден пенал во шестата минута од судиското продолжение, а сигурен реализатор на истиот беше Мелеро кој ги постави конечните 1:1.

Претходно домашните во 88. минута дојдоа до предност преку Родриго кој одлично реагираше на една нафрлена  ниска топка од лево.

Енис Барди нормално беше дел од стартните единаесет на овој меч, одлично одработи седумдесетина минути и заслужено доби аплаузи од соиграчите кога до напушти теренот. Мечот го отвори новото коло од шпанскиот шампионат.