Договорот на Коста Манев со Вележ истече на 31. мај, а за негово продолжување беше заинтересиран тимот кој му понуди нова соработка на македонскиот стопер.

И кога се чинеше дека ќе дојде до договор, сепак, се појавила пречка во преговорите, пренесува „Спортспорт.ба“.

Со тоа Манев е далеку до нова соработка со тимот од Мостар, и веројатно ќе го напушти тимот по добрата сезона која ја имаше во БиХ, откако го напушти Вардар минатото лето.