На неполн час до стартот на реванш-полуфиналето од Купот на Италија меѓу Наполи и Интер, пристигнаа стартните тимови со кои ќе почне дуелот на „Сан Паоло“. Како и што пишувавме вчера, во отсуство на повредениот Фабиан Руиз, Гатузо му верува на нашиот фудбалски дијамант, Елиф Елмас кој добива шанса во првите 11 кај домашните.

Интер почнува со Лукаку и Лаутаро во нападот, во обид да се анулира негативата од 1:0 од првиот меч.