Пеп Гвардиола бара стопер за својот тим Манчестер Сити за следната сезона, а според шпанските медиуми, ќе тргне по својот сонародник од Виљареал. Станува збор за Пау Торес кој ќе треба да ја зголеми конкуренцијата во одбраната на Сити.

Гвардиола истакна дека ангажман на стопер ќе му биде приоритет во следниот трансфер преоден рок, исто како и лев бек.

Торес сезонава има одиграно 25 меча и постигна 1 гол и 1 асистенција, а според најавите, „лицитацијата“ Сити ќе ја почне со сума од 20 милиони евра.