Со голот на Флоријан Нидерлихнер во 45 секунда Аугзбург го совлада Мајнц во гости со 1:0 во 31.коло во германската Бундес лига. За напаѓачот тоа беше прв погодок после 857 минути пост, а е негов 12-ти сезонава во најсилната германска лига.

Аугзбург е на 13. место на табелата, додека Мајнц е на 15. место со три бода над опасната зона.

Аугзбург ја запиша деветтата победа сезонава, а Мајнц 18-тиот пораз.