Екипата на Шкупи предмалку објави дека Фатјон Јусуфи и следната година ќе биде дел од тимот.

Играчот ја продолжи соработката со тимот од Чаир и е задоволен од развојот на настаните.

„Да, точно е и следната година ќе го носам дресот на Шкупи. Преговаравме со управата и најдовме заеднички јазик. Се радувам на понатамошната соработка со стручниот штаб, тренерот Муарем Бајрами, соиграчите и нормално на подршката од „Шверцерите“ – изјави Јусуфи за официјалниот сајт на Шкупи.