Шпанскиот фудбалер Педро Чиривела после седум години и само 11 настапи, го напушти Ливерпул и се пресели во таборот на Нант.

Во јуни му истекуваше договорот со „црвените“, и јасен беше ваков потег, со оглед дека Чиривела не беше стандарден во дресот на тимот од Енфилд.

Чиривела како голем талент од Валенсија, во 2013 година, на 16-годишна возраст беше донесен на „Енфилд“, но главно минуваше на позајмици во Холандија и Шпанија, а сега и официјално заминува во Франција.