Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со пораз ги почна настапите на Источно-европскиот шампионат кој се одржува во Белград. Во очекување на рестарт на новата тениска сезона, низ Европа се играат бројни егзибициски турнири, меѓу кои и овој на кој учествуваат тенисери од овој дел на Стариот континент.

Јотовски денеска во првиот меч од групата „Х“ се сретна со српскиот тенисер Никола Чачиќ, кој има послаб АТП рејтинг од нашиот тенисер, но кој успеа да слави во три сета со 6:1, 4:6, 6:2.

Во второто коло во групата, нашиот тенисер утре ќе игра со српскиот тенисер Јандриќ, кој денеска исто така беше поразен во 1. коло.