Навивачите на Војводина најавија дека ќе го бојкотираат финалето на Купот на Србија против Партизан, откако е донесена одлука истото да се игра во Ниш.

Популарните „Фирмаши“ се огласија и со соопштение насловено како „Чесно или никако“.

Тие најавуваат дека нема никако да присуствуваат на финале, кое би било играно на југот на земјата (Ниш, Јагодина, Ужице…).

Тие сметаат дека Белград би било идеално, затоа што тоа не би било малтретирање за фановите.

Исто така упатија апел до Фудбалскиот сојуз, и да се одреди домаќинството со ждрепка меѓу двата учесника во финалниот меч.