После хуманитарниот турнир „Адриа тур“ најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ги одведе сите учесници на турнирот на забава во ноќен клуб во Белград. Ѓоковиќ беше во центарот на вниманието поради одличното расположение, им пееше на гостите, во еден момент ја искина и маицата. Него му се придружија и колегите тенисери кои ги соблекоа маиците и пееја заедно со него на бината.
Ноле почна со неколку балади, потоа го запеа хитот на Мирослав Илиќ „Луцкаста си ти“.

Најдобриот германски тенисер Александар Зверев во еден момент танцуваше со канта на главата.

24sata

Неочекувано, бугарскиот тенисер Григор Димитров бил еден од најсрамежливите, па Ноле мораше да го крене и на сила да го качи на бината. Секако, во друштво на тениската елита беа и нивните сопруги и девојките.

Ноле го „запали“ Белград: По „Адриа Тур“ следеше луда забава (ВИДЕО)

Еве дел од тие моменти…