Откако ги обнови договорите со поголем дел од стандардните првотимци што играа во минатата сезона, тимот на Бутел Скопје ги засили своите редови со петмина кадетски репрезентативци, кои лани беа дел од прволигашки клубови.

Станува збор за десното крило Бојан Спасовски, голманот Дино Трајчевски, пикерот Стефан Стојчевиќ, средниот бек Марко Митев и левиот бек Едвин Омерагиќ.

Претходно Бутел ги продолжи договорите и со седум ракометари, кои се обврзаа да останат во тимот и следната сезона.