Наместо како и секоја година што се одржува во Моне Карло, оваа година традиционалната ждрепказа европските купови како и изборот за најдобрите во организација на УЕФА ќе се одржи во Грција, поточно во Атина.

Ова го објави портпаролот на владата на Грција, Стелиос Петсас кој  истакна дека оваа одлука е донесена на состанокот на извршниот комитет на УЕФА.

„УЕФА очигледно има доста доверба во нас како земја па затоа и ни додели да организираме вака голем настан. Во овој момент тоа кажува само едно. Дека Грција е сигурна и безбедна земја во моментов по сето ова што се случува со коронавирусот“ – изјави Петсас за  Екатимерини.