Дека тимот на Хајдук е во резултаска, а може да се каже и во организациска смисла не е тајна. Клубот од Сплит со години се мачи да фати чекор со Диамо, а сега еве и со Ријека но никако не му поаѓа од рака.

И сезонава резултатите не се како што треба, навивачите се незадоволни, а се кулиминираше вчеравчер кога Хајдук на домашен терен загуби од очајниот сезонава Вараждин кој е претпоследен. Ајде што загуби, туку на полувреме имаше негатива од 0:3, па потоа во продолжението даде два гола. Мечот заврши 2:3, мала утеха за сите.

Навивачите беа бесни, не можеа да бидат на трибините, па испратија јасна порака од надвор. Испалија светлосна ракета која слета на центарот на игралиштето, сите беа зачудени, судијата накратко го прекина мечот.

Ова беше уште една опомена за играчите на Хајдук кој никако да сфатат очигледно дека клубот е нешто многу повеќе од збир на фудбалери и ќе мора поодговорно да се однесуваат кога го носат неговиот дрес.