Нашите претставници во европските купови кои ќе стартуваат во квалификациите ќе играат по еден натпревар, наместо како што беше досега по принципот дома-гости. За тоа на кој терен ќе биде одлучено со ждрепка. Ова беше најавено уште претходно, а денеска само УЕФА го потврди.

Исто така е потврдено дека во плеј-офот ќе се играат по два натпревари и победниците ќе одат во групната фаза на ЛШ односно ЛЕ.

Групната фаза ќе почне на 20. и 21. октомври (ЛШ) односно 22. октомври (ЛЕ).

ДАТУМИ ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ РУНДИ И ГРУПНАТА ФАЗА НА ЛШ

1.коло – 18 и 19 август

2. коло – 25 и 26. август

3. коло – 15 и 16. септември

Плеј-оф: 22/23 септември и 29/30 септември

СТАРТ НА ГРУПНА ФАЗА: 20 и 21 октомври

ДАТУМИ ЗА КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ РУНДИ ВО ЛИГА ЕВРОПА

1.коло – 27. август

2. коло – 17. септември

3. коло – 24. септември

Плеј-оф: 1. и 8. октомври

СТАРТ НА ГРУПНА ФАЗА: 22. октомври