Трагично финале на ултрамаратонот во регионот Одеса во Украина. Трката се одржала и покрај тоа што температурата била 40 степени целзиусови. Тоа било првиот голем пропуст на организаторот кој потоа ќе предизвика трагични последици.

33-годишната атлетичарка Катерина Катишева исчезнала пред очите на организаторите и натпреварувачите. Започната била потрага и била пронајдена после осум часа. Таа лежела неподвижна во еден дол, веројатно доживеала топлотен удар, а немало кој да и помогне.

Катерина ја нарекувале „железната девојка“ поради тоа што победувала на слични натпревари, а важела за една од фаворитките за триумф и на овој маратон во Одеса.

Инаку тркачите морале да поминат 67 километри за да ја истрчаат патеката полна со предизвици: мочуришта, густа шума, камења и ридови, плус борба со топлината.