Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов ќе мора да паузира. Има истегнување на лигаментот на коленото, се повреди на последниот меч за неговиот Ружомберок на мечот Дунајска Стреда. Излезе на полувреме, мораше да оди на прегледи.
„Добро е, не е страшно. Имам мало истегнување ќе мора да паузирам, ама тоа е што е.Најбитно е што повредата не е сериозна“ – вели Костадинов за Спортмедиа.

Костадинов најверојатно ќе пропушти неколку мечеви од шампионатот, и оној од купот против истиот противник против кого и се повреди.