Како што дознава СПОРТМЕДИА, Фудбалската Федерaција на Македонија планира новата 2020/2021 сезона во Првата Македонска Фудбалска Лига да ја стартува во август. Во опција се три датуми, и тоа 3, 9 или 16 август. Овој последниот е како најевројатна опција, но останува да се види што и како со кризата со корона – вирусот. Криза која прво во март ја прекина “старата“ сезона 2019/2020, а потоа во јуни и конечно не дозволи да се доигра, иако ФФМ и најголем дел од клубовите направија се да се игра фудбал.

Предлогот за 3, 9 и 16 август е предлог на Комесарот за натпревари на ФФМ, сепак за тоа ќе одлучи Управниот Одбор, кој треба да даде “зелено светло“, за тоа кој датум е најприфатлив за старт а сезоната.

Секако дека ФФМ тоа ќе го стори откако ќе добие “виза“ од страна на надлежните во државата ако се знае дека во Македонија и натаму Ковид-19 просто беснее.

Да се надевам дека до средината на август работите со короната барем малку се подобрат, па конечно и ние во Македонија ќе можеме да играме фудбал.

На крај да потсетиме дека последните официјални мечеви во ПМФЛ се одиграа на 11 март.