Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Александар Љафтов и следната сезона ќе го носи дресот на бугарскиот прволигаш Хебар Пазарџик.

Како што потврдија од клубот, Љафтов и Хебар постигнале договор за нова едногодишна соработка, што ќе го обврзе нашиот репрезентативец на верност кон клубот од Пазарџик до следното лето.

Веќе две години по ред, екипата на Хебар го освојува Купот на Бугарија.