ЦСКА Москва доживеа дебакл на домашен терен во дуелот со лидерот Зенит во 23. коло од руската Премиер лига. „Армејците“ изгубија со 0:4, а тоа е највисок пораз на московската екипа во рускиот шампионат после 10 септември 2011 година. Тогаш ЦСКА изгуби пред своја публика од Динамо со ист резултат.

Ивановиќ во 2. минута, а потоа Малком со два гола обезбедија висока предност за актуелниот шампион во првото полувреме. Во финишот на мечот Друиси од пенал го постави конечниот резултат.

ЦСКА е на петото место, а веќе четири меча не знае за победа (заедно со оние пред паузата поради коронавирусот), а тогаш испадна и од Купот на Русија.

Зенит ита кон нова шампионска титула.