Муарем Бајрами, сега веќе и официјално шефот на стручниот штаб на Шкупи, како прва работа која мора да ја заврши е да го разреши проблемот околу голманите. Имено за кусо време Шкупи се чини дека ги загуби двата голмани. Игор Алексовски одново  е потешко повреден, а Филип Лазаревски, барем како што се шпекулира најверојатно ќе се раздели од Чаир. Па така Бајрами ќе остане само со третиот голман, младиот турчин кој има само 19 години а тоа е Чанберк Јурдакул.

Инаку допрва Шкупи ќе се вклучи на “трансфер пазарот“. Досега еден од нашите најрофејни клубови беше многу мирен. Од Чаир си замина Дарко Илиески, претходно тоа го стори и Бразилецот Серџио.