УЕФА денеска ги објави новите датуми за одигрување, односно доигрување на тековните квалификации за У21 конкуренцијата.
Македонија како што е добро познато е во групата со Шпанија, Казахстан, Израел, Црна Гора и Фарски острови, а одлучено е сега кампањата да ја продолжиме со меч против најголемиот фаворит Шпанија на домашен терен на 3 септември. За пет дена потоа одиме да го одиграме мечот против Фарски Острови на гости.

Селеторот Благоја Милевски вели дека ова ама апсолутно не ни менува ништо кога станува збор за нашиот состав и амбициите.

„Ама апсолутно ништо не ни менува.Се знае нашиот мојот став. На секој меч одиме на победа. Нема тука што да се дискутира со кого играме и кога играме. Се додека сум селектор јас така ќе биде. Нема калкулации. Само да сме здрави и живи, се да биде во ред до тогаш и во септември продолжуваме да се бориме во тековните квалификации“ – ни изјави селекторот Благоја Милевски.